Publications

ЛГБТ работници и синдикати

Позицијата на ЛГБТ работниците во поглед на дискриминацијата на работното место и нивниот однос со синдикатите во Република Македонија

  • Description

Стигматизацијата и дискриминацијата на ЛГБТ припадниците се секојдневни појави, не само на улица, туку и во рамки на системот. Но, целта на ова истражување не е да се види колку овие луѓе се дискриминирани во општеството, туку да ја увидиме нивната дискриминираност во нивната позиција на работници. Колкав, и кој е видот на дискриминација кои тие го трпат во рамките на своето работно место, дали постои разлика во дискриминацијатапо основ на работното место, дали еден фабрички работник, под услов дека е отворено деклариран како хомосексуалец е повеќе дискриминиран од еден адвокат? Од друга страна, дали постоиинтерес на синдикатите за оваа група на работници и нивни членови? Дали тие имаат ЛГБТ членови, дали покажале интерес за нив, постои ли желба кај синдикатите за заштита на овие работници?